Сараевската телевизија Хајат објави дека ќе престане да ја емитува програмата доколку Електростопанство на БиХ остане на понудата за цената на струјата за следната година што ја достави до таа телевизија, а која е трипати повисока од претходната.
Телевизијата Хајат објави дека добила понуда за цената на струјата за 2022 година, според која за струја треба да плаќа 312 отсто повеќе, односно 68.000 наместо досегашните 22.000 конвертибилни марки месечно.
Ги информираме Владата и премиерот на федерацијата, министерот Џиндиќ, како и раководството на Електростопанство, дека нè натераа телевизијата Хајат да престане да емитува програма од 1 јануари 2022 година и да отпушти 160 вработени, соопшти менаџментот на Хајат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.