Во неколку наврати попладнево турски воени авиони Ф-16 и Ф-4 го нарушија рекршиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи над островите во Егејското Море, јави дописничката на МИА од Атина.

Турските авиони Ф-16 трипати прелетале над островот Инусес, на височина од 19.000 стапки, двапати над Панаја и еднаш над Агатониси, додека пак двата турски Ф-4 прелетале над Антропофагус на височина од 11.000 стапки.

Турските авиони, биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони, како што е пракса во ваквите случаи, согласно меѓународните правила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.