Автобус со туристи од кинескиот град Вухан од каде почна да се шири заразата со коронавирусот пристигнал во Хрватска, јавија медиумите на таа земја.
Како што објавува порталот „Индекс.хр“ туристите пристигнале со авион вчера во Милано, а оттаму со автобус за Хрватска. Тие минале здравствен преглед на аеродромот во Милано и никој немал симптоми на болеста.
Кинезите биле запрени на граничниот премин Брегана, каде им било укажано што треба да прават доколку забележат симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.