Службите за безбедност во црногорскиот планински туристички центар Жабљак поднеле кривична пријава против А.Б, турист од Белорусија, поради вршење на кривично дело „уништување и оштетување на заштитено природно богатсво“.

Според об винението, А.Б, на 2 септември годинава околу 17 часот во спелеолошкиот објект Ледена пештера, кој се наоѓа во масивот Дурмитор во зоната на Националниот парк Дурмитор, кршел ледени сталактити кои претставуваат хидрогеолошо богатство, а кои се заштитени со Законот за заштита на природата.

Полицијата заедно со обвинителството спровела неопходни активности за утврдување на околностите на овој настан. Службениците на Еколошките инспекции и одговорните лица во Националниот парк спроведоа активности од својата надлежност. По сите оцени на предметот, обвинителот наложи против ова лице да се поднесе кривична пријава – се наведува во соопштението на Управата на полицијата на Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.