Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови и целосно „заклучување“ за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на корона вирусот.
Од новите построги антиепидемиски мерки ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдувањето и производството.
Осми ден по ред, во Турција се регистрира рекорден дневен број на смртни случаи од корона вирусот.
Според податоците на Министерството за здравство, во последните 24 часа починале 188 лица, а потврдени се 31.219 нови случаи на Ковид-19, што е исто така највисоко ниво за еден ден од почетокот на епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.