Во Турција се продлабочува економската криза, при што турската национална валута и натаму тоне. Лирата денеска изгуби дури 6 отсто од својата вредност, објави „Ројтерс“.
Валутата се тргуваше на ново рекордно ниско ниво од 16,69 во однос на доларот.
Само во последните 30 денови, Лирата изгуби 50 отсто од вредноста, откако централната банка почна да ги намалува каматните стапки по налог на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.