Турција ја продолжи за уште четири дена навигациската информација Навтекс (Navtex) за сеизмички истражувања што ги врши бродот „Оруч Рејс“ во Источниот Медитеран.

Таквиот потег предизвика коментар на грчки владини извори кои сметаат дека со тоа однесување официјална Анкара ќе предизвика да има негативни последици за неа.

Претходно издадената Навтекс на 10 август беше со важност до вчера, а синоќа, од станицата во Анталија, Турција издаде продолжување на истата навигациската информација до 27 август 2020 година.

Ставот на официјална Атина е дека конкретната Навтекс е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен.

Грчки владини извори, коментираат дека Турција, „продолжувајќи со нејзиното провокативно однесување, единственото што прави е да му покаже на целиот свет дека споменувањата на меѓународното право и дијалогот се изговор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.