Турција ќе одржи воени вежби во следните две недели во северозападен Кипар, во услови на територијални спорови со Грција во источниот Медитеран, објави во саботата Анкара.

Тензиите ескалираа кога турскиот брод Орук Реис започна со дупчење нафта и гас во она што Грција го смета за нејзини територијални води. Атина соопшти дека е подготвена да ги брани своите суверени права против Турција, додека Анкара одговори нарекувајќи ја Грција „лажен силеџија“.

Франција, Грција, Италија и Кипар последователно се согласија да одржат заеднички воени вежби во источен Медитеран, додека Европската унија соопшти дека може да воведе санкции за Турција.

Анкара потоа реагираше на заканите велејќи дека очекува фер третман од блокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.