Парламентот на Турција донесе закон со кој ќе се овозможи ослободување десетици илјади затвореници од преполните затвори на кои им се заканува опасност од пандемијата на коронавирусот.

„Нацртот стана закон кога пратениците го прифатија“, објави турскиот парламент на својот официјален профил на „Твитер“.

Невладините организации го критикуваа текстот што не предвидува ослободување на затворениците осудени за тероризам, меѓу кои се и многубројни новинари и претставници на политичката опозиција.

За законот гласале 279 пратеници, а 51 биле против, рече заменик-претседателот на парламентот, Суреја Сади Билгич.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.