Турција е неприкосновен крал на крипто-валутата на Блискиот Исток, со тоа што земјата усвојува дигитални средства со значително повисоки стапки од соседните земји, откри новиот извештај на крипто-форензичката компанија „Чеинаналисис“.

Турција е на 29-то место од 154 земји на глобалниот индекс на приспојување крипто на „Чеинаналисис“ – и број еден на Блискиот Исток, според Извештајот на компанијата објавен минатата недела.

Од компанијата велат дека земјата веќе долго време е рај за усвојување на крипто-валута, а економската несигурност во Турција има своја улога во зголемената популарност.

Турската лира е крајно нестабилна во последните години, што ги натера некои да пренесат делови од своите заштеди на криптовалута, се истакнува во извештајот.

Во моментов нема регулативи за крипто-валути во Турција – но Одборот за пазари на капитал (ЦМБ) во земјата е во фаза на развој на рамка.

Чеинаналисис покажа дека повеќето трговии од Блискиот исток на големи размени на платформите: Бинанс, Хуоби и Битфинекс, доаѓаат од турски корисници.

На турската размена „BTCTurk“, најчесто се тргува со лирата за „Bitcoin“, се вели во извештајот, истакнувајќи дека „веројатно повеќето корисници користат „BTCTurk“ за да купат крипто валута пред да ја испратат на други, поголеми платформи како „Binance“ кои нудат поголема ликвидност и тргување во парови“.

Дури и пред Ковид-19 турската економија беше сило погодена, економијата се спушти во рецесија на крајот на 2018 година, а надворешниот долг и невработеноста одамна се високи.

Лирата е исто така многу слаба. Оваа година достигна рекорден пад од 20 отсто што ја прави трета најслаба валута во светот во 2020 година, според Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.