Генералниот директор на руската компанија „Рособоронекспорт“, Александар Михајев, соопшти дека со Турција е потпишан договор за испорака на втората серија од рускиот противракетен систем С-400, а двете страни во моментов преговараат за финансиските услови.

Турција минатата година ја купи првата серија руски ракетни системи, што доведе до тоа Вашингтон да ја суспендира оваа земја од американската програма за борбени млазни авиони Ф-35.

Официјални претставници на САД велат дека Турција ризикува санкции од САД доколку го користи ракетниот систем С-400.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.