Српските царинарници на граничниот премин Градина откриле 70.000 евра во градинкот на жена која се јавила за влез во земјата.
Настанот се случил на 12 декември кога на редот за контрола за излез од земјата стигнал автомобил „бмв“ со германски регистарски ознаки.
Со него патувале двајца германски државјани со турско потекло, кои негирале дека имаат нешто да пријават на граничната контрола, вклчувајќи и пари.
Во појас под градникот на патничка се пронајдени 70.000 евра. Привремено, до завршувањето на прекршочната постапка задржана е сума од 50.000 евра, откако претходно на патниците им се вратени по 10.000 евра, колку без пријавување е дозволено да се пренесат преку граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.