Министерството за надворешни работи на Република Турција изрази сочуство до Владите и народите на Бугарија и Македонија за загинатите во пожарот што избувна во домот за стари лица во Варна на 22 ноември 2021 година и во сообраќајната несреќа на автобусот со македонски регистарски ознаки, што се случи ноќеска во близина на бугарскиот град Перник.
Изразуваме сочуство до Владите и народите на Бугарија и Македонија за загинатите во овие болни несреќи и на повредените им посакуваме закрепнување во најскоро време – стои во соопштението од МНР на Република Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.