Во Србија во последните 24 часа починаа уште тројца пациенти од ковид-19, објавено е денеска на порталот Covid19.rs. Со тоа бројот на жртви во Србија се зголеми на 200, а процентот на смртност е 2.07 отсто.
Во последните 24 часа потврдени се нови 120 случаи на заразени од коронавирус.
Вкупно се тестирани 111.278, а од тие 4.817 во последните 24 часа.
Во болница се 1.855 лица, а на респиратори има 51 пациент. До сега излечени се 1.723 пациенти.
Во Србија утре се очекува собранието да ја укине вонредната состојба, со што заклучно со четврток нема да има полициски час, но некои мерки воведени за време на борбата против коронавирусот ќе останат на сила.
На сила ќе остане обврската за употреба на маски и ракавици во јавниот превоз, како и во рестораните и кафулињата, останува на сила и социјалната дистанца, ќе нема и понатаму настава во училиштата, а останува наставата од далечина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.