Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов коментирајќи ги излезните анкети од денешните парламентарни избори во Бугарија истакна дека кога би можел да го врати времето, повторно би го направил истото, јави дописникот на МИА од Софија.
Тој наведе дека „би го направил истото, без да склучува договори, без да подлегне на притисоци и без да ги лаже своите гласачи“.
– Почитувам сѐ што сум кажал и нема да ги погазам моите зборови, категоричен беше Трифонов.
Тој додаде и дека довербата на неговите поддржувачи е непроценлива и обврзувачка.
– Во име на моите колеги сакам да им се заблагодарам и на сите што гласаа, истакна Трифонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.