Поради смртта на патријархот на СПЦ, Иринеј во Србија ќе биде прогласена тридневна жалост, одлучи српската влада.
Поглаварот на Српската православна црква почина утрово во Воената болница од последици на коронавирус, на 91 година.
Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во земјата, од денеска до недела, а по поводот смртта на Неговата Светост Патријархот Иринеј, се наведува во соопштението на српската влада.
Од патријархот денеска се простуваат бројни домашни но и странски функционери. Исто така, во храмот Света Сава ѕвонат ѕвона, а верниците палат свеќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.