Во Словенија во последните 24 часа од 567 тестирања потврдени се три нови случаи на зараза со коронавирус и ниту еден нов смртен случај, објави во вторникот словенечката влада.
Новите зарази се забележани на места каде досега имало многу малку случаи, а со нив вкупниот број на потврдени случаи во Словенија од почетокот на епидемијата се зголеми на 1499, со 109 починати како последица на Ковид-19.
Активни се уште 24 случаи, а во ковид-болниците се лекуваат 7 пациенти, меѓу нив и една потешко заболена пациентка која се наоѓа на интензивна нега, додека болеста ја преболеа вкупно 1366 лица.
Премиерот Јанез Јанша предупреди во понеделникот во парламентот дека заради подготвеност ќе се изолираат помалите жаришта на вирусот во идните месеци, посебно оние кои зависат од резултатите од туристичката сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.