Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02.39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело, јави дописникот на МИА од Софија.
Во болница се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место. Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.