Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на поранешна Сојузна Република Југославија, генерал Момчило Перишиќ, денеска беше прогласен за виновен за шпионажа и осуден на три години затвор.
Првостепена пресуда беше изречена и за поранешните припадници на армијата на СР Југославија, Миодраг Секулиќ и Владан Влајковиќ, кои беа осудени на по една година и шест месеци затвор за откривање на воена тајна, односно дека тие доставиле доверливи документи до Перишиќ.
Судија на Високиот суд во Белград за време на читањето на пресудата рече дека Перишиќ е виновен затоа што на 14 март 2002 година, во ресторанот „Шариќ” на Ибарска магистрала му ги предал тајните воени информации на американскиот разузнавач Џон Нибор, кои подоцна биле пронајдени кај него.
Во прашање биле воени податоци и документи за безбедноста на СР Југославија, Косово.
Исто така, документите со доверливи воени информации беа пронајдени во кабинетот на Перишиќ во српската влада, на кои беа забележани состаноците на колегиумот на началникот на ГШ во текот на 1999 година.
Перишиќ беше заменик-премиер за време на апсењето во 2002 година. Ова е првостепена пресуда за овој случај, по повеќе од 18 години од покренувањето на постапката, уште во 2002 година.
И одбраната и обвинителството имаат право на жалба против неа до Апелацискиот суд во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.