Во судот денеска беше сослушан Радован В. од населбата Железник, во Белград кој не го погребал својот мртов родител. Соседите го пронашле телото на неговата мајка во фаза на распаѓање.
Тој го чувал нејзиното тело во шупа во белградската населба Железник уште од 2016 година, кога и починала. Нејзиното тело било пронајдено во понеделникот утрото.
Според последните информации кои пристигнуваа од Србија, мајката на Радован починала од природна смрт пред речиси три години.
Беше грозно. Тргнав накај шупата по дрва и видов нешто што личеше на неколку штици, замотани во најлон. Почнав да ги цепам и не можев да поверувам колку пати беше замотана жената, раскажува една сосетка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.