БојанС.(40) се обидел денеска со истрели од пиштол да ја убие својата сопруга Гордана С.(37) во нивната куќа во Бечмен. Соседите чуле три истрели, а четвртиот куршум се заглавил во цевката, по што Бојан себе си си го пресекол гркланот.

Со брза помош префрлен е на реанимација, додека жена му со повреди на подлактицата исто така е во Ургентниот центар.

Според последните информации, Бојан се наоѓа во тешка состојба, на интензивна нега.

Брачниот пар има син (13) и ќерка (10) кои присуствувале на хоророт. Како што се дознава Бојан С. се обидел да ја убие жената, мајката, па дури и децата.

Според соседите, се работело за мирно семејство, кое досега немало никакви проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.