Марибор утринава околу 3 часот го потресе експлозија од експлозивна направа подметната под ресторанот на „Рожмарин“ во сопственост на градоначалникот Саша Арсеновиќ.
Ова е веќе трет напад врз угостителскиот објект, но прв со експлозивна направа, јавува Индекс.хр Досега напаѓачите се задоволувале со откронување на гранитни плочки од улицата и кршење на стакла.
Сите три напади се случиле од почетокот на март. Полицијата опколила две мариборски улици и увидот е во тек.
Арсеновиќ изјавил дека мисли дека нападите се предизвикани поради неговите одлуки за управување на градот, но дека не знае кој би посегнал по такви методи.
Досега немаше такви случаи и затоа мислам дека тие напади се наменети за мене како градоначалник. Немам никакви индикации кој би можел да стои зад нив, рекол Арсеновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.