Трет ден по ред стотици демонстранти и денеска се собраа пред зградата на Министерскиот совет во Софија, јави агенцијата Бгнес.

Пред зградата е распореден полициски кордон.

Според агенцијата, граѓаните скандираат „Оставка” и „Мафија” и вејат бугарски и црни знамиња.

Протестот засега е мирен, додека во текот на вчерашните протести се упасени 18 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.