Договорот меѓу Србија и Косово е на дофат, рече американскиот претседател Доналд Трамп во писмото до српскиот претседател Александар Вучиќ. Во писмото се вели:

„Беше задоволство да те видам во Париз за време на прославата на Денот на примирјето. САД го ценат вашето лидерство, особено во обезбедувањето целосна нормализација на односите со Косово. Со оглед на тоа што се влегува во последната фаза од договорот со Косово, што треба да доведе до долго посакуваниот мир во регионот, јас ве охрабруваме да ги искористат предностите во овој момент и да ги искористите за политичко лидерство за донесување одлуки кои ќе ги задоволи интересите на двете земји. Би било голема штета да ја пропуштите оваа единствена можност за мир, безбедност и економски раст“, се вели во дел од писмото испратено од Трамп до Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.