Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи санкциите против одговорните во Босна и Херцеговина за опструкција на Дејтонскиот мировен договор.
Трамп ја продолжи т.н „национална вонредна состојба“ во однос на државите од Западен Балкан. Одлуката е донесена уште во време на претседателот Џорџ Буш во 2001 година.
Американскиот претседател со ова ја продолжи и „црната листа“ за Западен Балкан на која се наоѓаат српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Радован Караџиќ, Момчило Крајишник, Воислав Шешељ и Биљана Плавшиќ, пренесува Танјуг.
На истата листа е и ќерката на Караџиќ Соња, Бакир Алиспахиќ, Хасан Ченгиќ…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.