Трагедија се случи денеска во главниот град на Хрватска, Загреб, кога полицијата добила дојава дека во една зграда во центарот на градот во 15.30 часот, мало дете било пригмечено од лифт. Детето има тешки повреди, а лекарите се борат за неговиот живот.
Повреденото дете е пренесено во КБЦ „Ребро“, откако пожарникари помогнале да се извлече од лифтот за три минути.
Во полицијата не сакаат да откриваат детали, со оглед на тоа дека се работи за дете.
Пациентот е примен во тешка состојба и применети се сите постапки на интензивнамедицина со цел стабилизација, односно спасување на животот, велат од болницата.
Детето два пати било реанимирано, еднаѓ во брзата помо и еднаш откако стигнало во болницата. Детето е на респиратор и има тешки повреди на главата и на градниот кош.
Поради шокот помош му е пружена и на таткото и на соседот. Во шок се и пожарникарите кои успеале неверојатно брзо да го извлечат детето. Учествувале девет пожарникари со три возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.