Хорор во канцелариите на Авто-мото сојузот на Србија, откако генералниот секретар Предраг Ѓурѓев пукал и го убил претседателот на Сојузот, Мирко Бутулија, а потоа седејќи во неговата фотеља си го одзел и сопствениот живот.

Ѓурѓев испукал осум куршуми кон претседателот, кој бил тешко ранет, а потоа во болница им подлегнал на повредите. И покрај сите напори докторите не успеале да му го спасат животот.

Мотивите за ваквото крвопролевање се засега непознати, а се смета дека една од причините е нервен слом на секретарот Ѓурѓев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.