Педесетгодишен татко и неговите два малолетни сина на возраст од 13 и 15 години се удавија на плажата Виле-Боштово кај албанскиот град Каваја.
Според албанските медиуми, 13-годишникот бил фатен од силни морски струи, а неговиот татко и 15-годишниот брат се обиделе да го спасат. Сите тројца се удавија.
„Еј-би-си“ јавува дека семејството е од Тирана. Телата моментално се во мртовечницата во Каваја и се очекува да бидат пренесени во мртовечницата во Драч за дополнително вештачење.
Се наведува дека на овој простор нема крајбрежна стража.
„Во моментот на инцидентот имало многу луѓе кои се обиделе да дадат прва помош, но безуспешно. Во областа каде што се случи овој инцидент нема чувари на плажа, спасувачи и крајбрежни стражари. Од истражувањето направено од ABC на морската линија на Драч, забележавме недостиг од персонал, набљудувачи и крајбрежна стража, што значи дека сме оставени на милост и немилост“, изјави новинарот кој се јави од местото на трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.