Српската воена индустрија забележува големи успеси со новото оклопно возило „Лазар 3“ кое почна да го продава на други армии. Прва што го купи е армијата на Туркменистан кој купи подобрена верзија со топ калибар 30 мм.

Подобрувањата на „Лазар 3“ беа направени во неколку елементи како  зголемено ниво на основна балистичка и минска заштита за еден степен, модуларен оклоп внатрешноста е термо-обложена и подобро прилагодена на изгледот на погонските уреди, оружје, специјални уреди и екипаж.

Инсталиран е помоќен дизел мотор со автоматски менувач, подобрен е независниот систем за суспензија и се користат гуми со широк профил со централна регулација на притисокот во гумите.

Ширината и должината на возилото и патеката на тркалата се зголемени. Подобрен е и системот на кружно набудување дење и ноќе, конструкцијата на седиштата и тапацирот се помодерни решенија, системот за греење и вентилација на просторот на екипажот е поефикасен,  имаполесно управување, оптимизирани ергономски услови, и примена на нова асиметрична дигитализирана шема

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.