Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и неговата сопруга Марева вчера се сретнале со двајца нови грчки државјани, славниот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон.
Мицотакис објави фотографија на својот профил на Инстаграм, на која Хенкс и Вилсон ги покажаа своите новостекнати грчки пасоши.
Рита Вилсон и Том Хенкс сега се горди грчки граѓани, напиша Мицотакис.
Средбата се одржала на островот Парос, пренесува Катимерини.
Вилсон, која делумно има грчко потекло, и Хенкс долго време поседуваат куќа на блискиот остров Антипарос.
Љубовта на славниот актер за Грција е добро позната. Тој премина во православие пред да се ожени со грчко-американската актерка Рита Вилсон (чија мајка била Гркинка) пред повеќе од 30 години и со децении редовно ја посетува Грција.
Грција е прибежиште. Патував низ целиот свет, бев на најубавите места, но ниту едно од нив не е како Грција, рече славниот оскаровец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.