По налог на српското Обвинителство, попладнево е приведен јутјуберот Богдан Илиќ, познат под името Бака Прасе. Приведувањето доаѓа по смртта на инфлуенсерката Кристина Ѓукиќ, позната како Кика, која си го одзеде животот пред неколку дена.
Младата девојка која се самоуби долго било мета на сајбер булинг, откако јутрјуберот пред две години објави серија видеа во кои ја навредуваше. Тој по нејзината смрт објави дека жали за настанот и оти поради почит кон починатата инфлуенсерка ќе ги отстрани видеата од неговиот канал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.