Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов беше вакциниран утрово во 9.59 часот во болницата „Св. Ана“ во Софија, со што е првиот Бугарин кој примил вакцина против Ковид-19, објави БГНЕС.

По него, вакцина доби и претставник на Бугарската православна црква, како поддршка на вакцините.

Вакцинацијата започна и во Бургас и Пловдив.

Спасот што го очекуваме дојде. Едвај чекам да го видам мојот 70-годишен татко без да се грижам дека ќе го заразам со коронавирус – рече бугарскиот министер за здравство, Ангелов.

Во државите на ЕУ денеска почна вакцинирањето против Ковид-19, откако вчера беа испорачани првите дози од вакцините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.