Не ја силував, ние сме во сериозна врска, иако е девојче. Вака на сослушувањето пред српското обвинителство се правдал 22-годишниот M.M., градежен работник од ненаведено место на југот на Србија, кој е осомничен дека минатата година повеќепати обљубил 12-годишно девојче од град во истокот на земјата.
Вистина е дека бевме интимни, но се беше на доброволна база. Ние се сакаме и сме заедно, наводно рекол обвинетиот и потврдил дека во текот на 2020 година повеќе пати имал сексуални односи со малолетното девојче.
Како што наведува извор за српски „Курир“, на работникот му е одреден триесетдневен притвор, зошто без разлика на неговите тврдења, законот е јасен дека секое дете под 14 години е незрело да донесе одлука дали ќе стапи во сексуални односи.
Се предвидува казна од над 10 години затвор. Тој беше уапсен во саботата, откако соседите на девојчето пријавиле дека постојано ја гледаат со момче доста постаро од неа. Девојчето заедно со мајка ѝ беше однесена во болница на преглед, објаснил соговорникот за српскиот весник.
Мајката пред полицијата објаснила дека знае за љубовната врска на својата ќерка со 10 години постариот градежник.
Таа се чудеше зошто М.М. е уапсен, зошто е фино момче со кое нејзината ќерка веќе подолго време се гледа и одлично им оди. Мајката нагласи и дека и прегледот на ќерката и апсењето се сосема одвишни, и дека не е јасно зошто надлежните се мешаат зошто „љубовта меѓу нејзината миленица и момчето е искрена и вистинска, раскажува соговорникот запознаен со истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.