Македонската звезда Тоше Проевски кој загина на автопатот Загреб-Липовац на влезот во Нова Градишка е во близина на патот каде што денеска се преврте автобус со косовски граѓани.

„Пинк.рс“ пишува дека тоа е проклет пат и многу опасен а тоа го потврдуваат и сообраќајните експерти.

На ова место за десет години се случиле дури 2000 несреќи.

Обичниот човек пак коментира дека при изградбата на некогашниот автопат „Братство-Единство  биле соѕидани крстови и надгробни плочи и оти ова што се случува е „чепкање во мртвите“.

Дури има и легенда дека токму на тоа место се појавува жена во црно која веднаш исчезнува.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.