Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации скокна од бината на предизборен митинг во Нови Пазар, а насобраниот народ го носеше на раце и го фрлаше во воздух.

Предизборната кампања во Србија се ближи кон самиот крај, па политичарите уште поинтензивно се обидуваат да ги уверат гласачите дека тие се најдобриот избор.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, инаку основач на Демократската партија на Санџак, Расим Љајиќ за време на предизборен митинг, верувале или не, како вистинска рок ѕвезда скокна од бината меѓу народот, по што луѓето го фрлаа во воздух.

Митингот се одржуваше во Нови Пазар под името „Европски Нови Пазар – Расим Љајиќ“, а станува збор за последниот митинг на неговата партија пред неделните избори во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.