На подрачјето на Петриња, кое вчера го погодија три силни и послаби земјотреси, и синоќа биле регистрирани неколку помали потреси.
Ноќта не помина многу добро, уште неколку земјотреси беа почувствувани во Петриња, вечерва и утрово- изјави градоначалникот на Петриња.
Утрово, околу 7 часот, бил почувствуван земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 1 километар, на оддалеченост од 21 километар од Сисак и 43 километри од Загреб.
Во 1.19 часот, жителите почувствувале малку посилен земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 2 километри, на 15 километри од Сисак.
Оштетени куќи и станбени згради се последиците од земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала што вчераутро ги погоди Сисак, Петриња и другите населени места во округот Сисак-Мославина.
По првиот земјотрес, беа регистрирани уште два земјотреси од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 5 километри југоисточно од Петриња.
Нема човечки жртви, но причинета е материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.