Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер е регистриран попладнево во близина на албанското пристаниште Драч.

Епицентарот на земјотресот е во Јадранско Море, 23 километри од Драч, односно 42 километри од Тирана, а на длабочина од пет километри.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, ова подрачје го погоди вчера нешто по полноќ, по што, за неколку часа, беа регистрирани дури 42 последователни потреси со јачина до 3,5 степени.

Сеизмолозите смируваа дека нема место за паника, затоа што не станувало збор за случај од кој треба да се плашат.

Според нив, природно е по земјотресот од 26 ноември лани, да има последователни потреси и оти тоа ќе трае подолг период, со последователни потреси, кога од време на време, повторно се активираат одредени области, како што е и оваа.

Катастрофалниот земјотрес што се случи утрото на 26 ноемврисо јачина од 6,4 степени, предизвика огромна материјална штета, која се проценува на над милјарда евра,загинаа 51 а повредени беа околу две илјади лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.