Во Албанија денеска во 14 часот и пет минути регистриран е уште еден земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на ’ртот Родон.

Земјотресот најмногу се почувствува во Драч и Тирана.

Во меѓувреме Американскиот геолошки институт соопшти дека Албанија не се наоѓа во така наречениот земјен „огнен прстен“ и оти нема опасност од цунами.

Албанија се наоѓа во близина на линијата на тектонски плочи кои поминуваат под Италија, што го прави регионот подложен на осцилации – се наведува во соопштението на Американскиот геолошки институт.

Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што утрово ја погоди Албанија загинаа најмалку 16, а повредени се повеќе од 600 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.