Нов земјотрес синоќа ја погоди областа Банија, јавија хрватските медиуми. Земјотресот беше регистриран ноќеска во 01:27 часот.
Сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на Петриња.
Јачината на земјотресот беше 3,7 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на V степен на скалата ЕМС, објави Сеизмолошката служба.

Земјотрес доцна синоќа ги вознемири и скопјани. Според првичните информации, тој бил со епицентар во близина на македонско косовската граница во атарот на селото Нераште.

Јачината на земјотресот била 3,3 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.