Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ изјави дека во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача и четврта доза од вакцината против коронавирус, пишува Данас.
Тиодоровиќ додаде дека имунизацијата против коронавирусот во иднина може да се прави двапати годишно.
Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем, рече Тодоровиќ.
Тиодоровиќ додаде дека воведувањето на ковид пропусници имало влијание врз лицата на возраст од 30 до 40 години, и дека тоа се гледало и од податоците за вакцинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.