Српскиот епидемиолог д-р Бранислав Тиодоровиќ, по денешниот состанок на Кризниот штаб изјави дека ситуацијата со корона вирусот е сè уште вонредна, но дека има извесни подобрувања, што може да овозможи повторно отворање на трговските центри од понеделник, и враќање на учениците во училиштата од 19. април, додавајќи дека ако сегашниот тренд на вакцинација продолжи со вакво темпо, за еден и пол месец, може да се воспостави колективен имунитет.

Одѕивот за вакцинација е исклучително добар. Ова е решение за целата ситуација, и секако понатамошно почитување на мерките. Целта е да се покрие што е можно повеќе вакцинација во најкус можен рок, со цел да се спречи ширењето на мутациите. Мора да бидеме реални. Можеби сме најдобри во Европа во однос на тоа колку видови на вакцини обезбедуваме и во однос на одѕивот на популацијата, но тоа не зависи само од нас, туку и од испораките за тоа колку ќе добиеме понатаму вакцини. Се надеваме дека ќе го продолжиме овој добар тренд, и ќе ја имаме договорената динамика – рече тој, додавајќи дека, за еден и пол месец, може Србија да го достигне колективниот имунитет на населението.

Има простор за оптимизам, рече тој, изразувајќи надеж дека бројот на смртни случаи ќе се намали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.