Ова лето ќе може да се бањаме во базени, најави Предраг Кон, епидемилог и член на српскиот владин кризен штаб за борба против короната. Тој објасни дека што се однесува до  патувањата и отварањето на границитие, се уште не е донесена конечна одлука дали ќе се бара тест за корона и колку стар ќе треба да биде тој, но истакна и дека може да се случи на меѓународно ниво, тоа да не биде обврска.

Што се однесува до базените, за нив е исто како и за сите спортски активиности. Засега одобрен е тренинг на отворено. Што се однесува до спортските настани, тие се затворени до 31 мај. Кога станува збор за базените не постои разлика и очекувам дека ќе се бањаме – рекол доктор Кон.

Тој објаснува и дека се уште не е донесена конечна одлука во врска со преминувањето на границите.

Во секој случај многу е веројатно дека ќе се бара да бидат тестирани сите оние кои влегуваат во земјава. Прашање е колку треба да биде стар тестот. Ќе видиме и како ќе биде во рамки на Меѓународниот здравествен правилник и дали тоа ќе биде задолжително. За очекување е дека за некои патници ќе биде задолжителен, но не е невозможно и да не биде задолжителен- рече Кон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.