Три лица загинаа, а шест се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случи денеска во 10 часот на автопатот Белград – Ниш, во близина на местото Горња Трнава. Како што пренесуваат српските медиуми, четворица од повредените се во живото-загрозувачка состојба.

До несреќата дошло при судир на камион со патничко комбе. Комбето, во кое имало 11 лица, било застанато во лентата за запирање, кога на него налетало товарното возило.

Според информациите на „Блиц“, возачот на камионот е уапсен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.