Лицата кои што се вакцинирани против Ковид-19 ќе треба да се движат слободно, сепак, мораме апсолутно јасно да ставиме до знаење дека вакцинацијата не треба да биде задолжителна или предуслов за патување – истакна министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за време на состанокот во Мадрид на Комитетот за управување со кризи на Светската туристичка организација, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис, во својство на претседател на техничкиот тим на Комитетот, презентирал детален предлог за потребата за координирање на владите со туристичката индустрија за безбедно и ефективно враќање на слободното и безбедно патување и истакнал дека тоа треба да се заснова на три столба: вакцинација, интероперабилност на податоците и брзи тестови.

Во однос на предлогот на грчката Влада за сертификатот за вакцинација, министерот за туризам на Грција рекол дека е потребно усвојување на заеднички правила за начинот на кој ќе се издава, за предусловите и за можната употреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.