Нашата земја не е во опасност од туризмот, нема зголемување на новите случај поради отворањето на границите, истакна министерот за туризам на Грција Харис Теохарис говорејќи на конференција организирана од Комората на хотелиери на Грција и министерството за туризам, јави дописничката на МИА од Атина.
Теохарис ги претстави и податоците, односно резултатите од случајните тестирањата на сите влезни точки во земјата во првите десет дена од јули.
Од 105.609 направени тестови, позитивни биле само 74, односно 0,07 отсто од тестираните.
На копнените граници констатиравме уште понизок индекс на позитивност, 0,01 отсто, на пристаништата 0,07 проценти и на аеродромите 0,09 отсто. Мислам дека е очекувано, знаевме и претходно, а веќе се докажува и со податоците, дека туристите од земји како што е САД на пример, со висок број на вакцинирани имаат и најмал број позитивни случаи – рече Теохарис и објасни дека просечната возраст на оние кои биле позитивни на сите влезни точки во земјата е 35,9 години, а 58 отсто се мажи и 42 проценти жени.
Министерот за туризам на Грција истакна дека овие податоци се особено важни и за хотелиерскиот сектор, со оглед на тоа дека покажуваат дека „зголемувањето на случаите на Ковид-19 во Грција не е поврзано со туризмот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.