Министерката за транспорт, Зорана Михајловиќ, беше цел на напад и омаловажување, а претседавачкиот со седницата не успеваше никако да ги дисциплинира пратениците од Радикалната партија.

Тие ја обвинија министерката дека троши народни пари, се луксузира и дека луѓето поради нејзините хирови лежат по затвори.

Според нив, директорот на српските железници, кој беше фатен како зема мито, тоа го правел во име на Михајловиќ.

,,Радикалски лаги“, им одговори со транспарент министерката, по што еден од повозрасните пратеници од Радикална партија, извади женски розови гаќички…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.