Утре во Албанија треба да се одржат локални избори. Во 61 општина се бираат нови градоначалници. Во голем дел од општините кандидатите на владеачката Социјалистичка партија немаат противници.

Опозициската алијанса предводена од Демократската партија, членка на Сојузот на Европски народни партии, ги бојкотира изборите.

Албанската владејачка Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама останува на ставот дека локалните избори во Албанија ќе се одржат на 30 јуни најавувајќи дека веднаш по завршувањето на изборите, ќе следува промена на шефот на државата, Илир Мета.

Шефот на пратеничката група на социјалистите, Таилант Бала, оцени дека новата уредба на Мета за одржување на локалните избори на 13 октомври е еднаква на нула како и неговата уредба за одложување на изборите.

Четири месеци претходно опозицијата ги врати своите мандати и со тоа ја напушти работата на Парламентот.

Припадниците на армиската единица „командоси“ од утрово се грижат за безбедноста на странските амбасади во Тирана, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тоа е во рамки на планот засилени безбедносни мерки на Министерството за внатрешни работи пред утрешните локални избори во земјата, а по претходен договор со Министерството за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.