Словенија донесе одлука на граѓаните повторно да им дозволи некои спортски активности кои беа забранети со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според одликата од 18 април, граѓаните ќе можат повторно да возат велосипед, да трчаат, а ќе бидат дозволени и јогата, тенисот и куглањето.
Сепак од Владата препорачуваат кога ќе се практикуваат овие спортски активности да се почитуваат меките за претпазливост.
Дополнително е дозволено и граѓаните кои имаат ниви или бавчи надвор од своите општини да можат повторно да ги обработуваат. За да стигнат до своето земјиште, граѓаните ќе мораат да ги користат само регуларните и означени патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.