Кандидатот за градоначалник на општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Едмонд Темелко, во рамки на изборната кампања одржува средби со жителите на Леска, Зрноско, Глобочани, Долна и Горна Горица и останатите населени места.
Темелко на локалните избори што во Албанија ќе се одржат в недела, довербата ќе ја бара четврти пат.
Презентрајќи ги досегашните реализирани актовности на средбите со жителите на Леска, Темелко побара поддршка за да продолжат, како што рече, почнатите, но и многу нови проекти. Тој најави подобрување на условите за живот, зголемување на вработеноста, зачувување на македонскиот идентитет, култура, обичаи и традиција.
Излезете масовно на изборите и гласајте за МАЕИ, сите заедно да ја продолжиме успешната приказна за Мала Преспа. Сами сте сведоци што направивме изминатите години во секој поглед, изградба на патишта низ сите села, патот кој не поврзува со граничнот премин Стење, водовод, добивме еден од најубавте плоштади кој го носи името на Гоце Делчев, кого го краси ново изградената црква „Свети Архангел Михаил”. Успеавме да ги вратиме автентичните македонски топоними, поставивме соодветна патна сигализација, имаме многу културни манифестации,…, но треба уште многу да се стори. Во програмата за следните четири години предвидуваме, рече Темелко.
Изборната кампања која завршува во петок со митинг во Пустец, ја води под слоганот „Преспа пред сè. За подобра иднина”.
Темелко на претходните локални избори во Албанија, 2007, 2011 и 2015 година, беше избран за градоначалник со околу 80 отсто од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.