Грчките власти потврдија дека американската научничка Сузан Итон, која од минатата седмица се водеше како исчезната, пронајдена е мртва на Крит. Локалните медиуми наведоа дека нејзиното тело е пронајдено во внатрешноста на пештера недалеку од населбата Самоудокори, на околу 10 километри од местото каде што Итон е забележана последен пат, пренесува “Блиц”.

Со огромна тага и жалење ја објавуваме смртта на нашата драга пријателка и колешка, Сузан Итон”, се наведува во соопштението објавено од институтот во Дрезден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.